Група од 55 пратеници во Собранието на Коосово побарале парламентот да се распушти за да се отвори пат за предвремени избори, пишува весникот „Експрес“.
Најавувајќи ја информацијата како „ексклузивна“ весникот објавува документ во кој се вели:
„На основа на постигнат договор со лидерите на политичките партии со цел зачувување и функционирање на институциите на Република Косово, ние потпишаните пратеници во Собранието на Република Косово бараме распуштање на Собранието на Косово за да се отвори пат за слободни и демократски избори“.
Документот што го објавил весникот е потпишан од 55 пратеници и пратен до парламентот со барање утре да се одржи вонредна седница.