Бараж натпреварот за Прва МФЛ меѓу екипите на Тиквеш и Воска ќе се одигра на 22 мај во 17 часот на стадионот „Младост“ во Струмица, соопшти Фудбалската федерација на Македонија.
Од ФФМ наведуваат дека на заеднички состанок на Комисијата за безбедност и Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) била донесена одлуката за одредување на стадионот за одигрување на натпреварот, кој првично беше предвиден да се игра на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, а потоа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Бараж дуелите помеѓу Воска Спорт – Тиквеш и Скопје – Беласица ќе ги одредат тимовите кои од следната сезона ќе бидат дел од Првата македонска машка фудбалска лига.