Барбара Буш, сопруга и мајка на претседател на САД, почина на 92 години

Барбара Буш, сопругата на поранешниот американски претседател Џорџ Х. В. Буш и мајка на поранешниот претседател Џорџ В. Буш, почина во вторникот ноќта, се наведува во писмената изјава на портпаролот на нејзиниот сопруг.

Барбара Буш, сопругата на поранешниот американски претседател Џорџ Х.В. Буш, имаше сѐ послабо здравје и пред два дена одлучи повеќе да не се лекува, објави во неделата канцеларијата на поранешниот претседател во Хјустон.

Поранешната прва дама на САД „ќе се фокусира наместо тоа на палијативната грижа“. Таа сега има 92 години и со поранешниот претседател е во брак 73 години. Во кусото соопштение не се наведува од што боледува, но се наведува дека неодамна повеќепати била во болница.

Барбара Буш боледуваше од хронична опструктивна болест на белите дробови и конгестивно затајување на срцето, како и дека прима медицинска помош во домот.

Барбара Буш беше сопруга на 41-от американски претседател кој сега имаше 91 година, и мајка на 71-годишниот Џорџ В. Буш кој беше 43-от претседател на САД.

„Барбара Буш почина во вторникот на 17-ти април 2018 година во 92-та година“, пишува во соопштението кое на Twitter објави Џим Мекгрејт кој во неделата објави дека одлучила да го прекине лекувањето.

Деталите околу погребот ќе бидат дополнително објавено, изјави портпаролот на вторникот, потсетувајќи дека Барбара Буш остануваат сопруга, пет деца, 17 внуци и седум правнуци.

На Џорџ Х.В. Буш „му е скршено срцето поради тоа што ја загуби саканата Барбара“, пишува во соопштението. „Ја држеше нејзината рака целиот денешен ден и беше покрај неа кога го напушти овој свет“, се додава.

Републиканскиот претседател Доналд Трамп го поздрави во соопштението на Белата куќа споменот на Барбара Буш, одавајќи и почест на „нејзината цврста предаденост на својата земја и семејството, на коишто им служеше непоколебливо“.

„Како сопруга, мајка, баба и некогашна Прва дама, Буш се залагаше за американското семејство“, напиша Трамп поздравувајќи го „меѓу нејзините најголеми достигнувања воочувањето на важноста на описменувањето како темелна семејна вредност на која ѝ треба грижа и заштита“.

Во чест на Барбара Буш, Доналд Трамп, нареди американските знамиња да се спуштат на половина копје до самрак на денот на нејзиниот погреб и тоа на сите згради и јавни простори, како и на војните позиции и зданија на американската морнарица.

Барбара Пирс Буш е родена во јуни 1925 годна во сојузната држава Њујорк. Го запознала Џорџ Х.В. Буш на 16-годишна возраст и за него се омажила три години подоцна. Зедно имаа шест деца, меѓу кои Џорџ В. Буш, кој беше претседател на САД меѓу 2001 и 2009 година, и на Џеб Буш, гувернер на Флорида меѓу 1999 и 2007 година и неуспешен кандидат на републиканските претседателски избори за Белата куќа во 2106 година. Нивната ќерка Паулина починала во 1953 година.

Нејзиниот сопруг ја водеше земјата д 1989 до 1993 година. Со 93 гпдини се разболе од Паркинсонова болест поради што веќе неколку години се движи во ивалидска количка. Хоспитализиран беше во јануари 2017 гпдина на 15 дена поради воспаление на белите дробови.