
Историскитe 70 години владеење на британската кралица Елизабета Втора, брендот „Барби“ ги одбележи со почесна кукла со нејзиниот лик. Барбиката во облик на кралицата, е објавена денес, на 96-от роденден на најдолговечниот британски монарх и ќе биде „веднаш препознатлива“, опремена со елегантен фустан (изработен од слонова коска) и сина лента украсена со украси. Ќе има и дијадема по примерот на круната на кралицата Мери, којашто нејзината потомка ја носеше на денот на својата свадба.
Розовата лента на куклата ја претставуваа онаа што на кралицата Елизабета Втора ѝ ја дал нејзиниот татко – кралот Џорџ Шести, а бледо сината – онаа од нејзиниот дедо – Џорџ Петти. Новата кукла ќе биде поставена во кутија во стил на Бакингемската палата, изработена од 3-Д украсна рамка околу фигурата и внатрешен панел што го прикажува престолот.