![enis-bardi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/enis-bardi.png?resize=693%2C394&ssl=1)
Не треба дополнителна мотивација за меч кој може да ја крена Макеоднија на ново ниво на светската фудбалска карта. Тоа го знаат и репрезентативците и затоа ќе истрчаат со сите сили во Палермо.
„Мислам дека сите знаеме колку ни е важен овој натпревар и колку тежок ќе ни биде. Тие ќе играат со сите сили, што е нормално. И ние едвај го очекуваме овој предизвик. Ќе биде еден од најважните натпревари кои можеме да ги одиграме во кариерите и затоа мора да бидеме стопроцентно концентрирани во секој момент од играта. Натпреварот трае 90 минути, а во 90 минути мислам дека можеме да добиеме секого и да оставиме добар впечаток“, вели Барди.
Во денешниот фудбал нема фаворит. Некогаш и фаворитите знаат да те изненадат, да имаат лош ден. Ние покажавме многу пати дека можеме да победиме секого и затоа важно е како ние ќе изгледаме. Нормално дека и тие се многу важни, имаат добра селекција и се прваци на Европа, но и покрај тоа мислам дека треба да се концентрираме на нашата игра и на тоа што ни го бара селекторот. Мислам дека нема да имаме проблем со квалитетот што го имаме, иако ни фалат Елиф, Тихо и други играчи, но ќе играме и за нив“, дополни креативецот на Леванте.