
На прес-конференцијата за медиумите пред натпреварот во Разград против Бугарија зборуваше Енис Барди:
„Имаме искуство во тимот и знаеме да играме и кога противникот е фаворит. Сега сме спремни да играме паметно и кога ние сме фаворити. Имаме победнички менталитет и овие натпревари се потешки од претходните од баражот. Многу ни е важно добро да стартуваме. Имаме освежувања во тимот, но физички и психички сме подготвени за предизвикот. Чест ми е да сум капитен, но секогаш велам дека сите сме капитени и сите во одредени моменти можеме да дадеме дополнителна вредност. Успехот на селекцијата ни е најважен. Последен пат кога бев капитен дадов три гола и не би било лошо да продолжам така“, вели играчот за врска.