Барди со два гола дебитираше во турското првенство, но не го спречи поразот на Трабзонспор

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди само една недела после трансферот од Леванте во Трабзонспор за три милиони евра, дебитираше во турската Суперлига на спектакуларен начин, со два погодока но недоволни ни за бод за првакот по дебаклот во Анталија со 2:5.

Барди првпат за Трабзон заигра во вторникот во Копенхаген во првиот меч од плејофот во Лигата на шампионите (1:2), а синоќа првпат играше во турското првенство, само што фантатичното деби му беше расипано по поразот со три примени гола во завршницата, откако успеа прво негативата од два гола со два погодоци да ја достигне.

„Ова е мој прв меч во Суперлигата и многу сум среќен за настапот, секако и што тргнав со голови, ама поважно беше да победиме. А, ние не успеавме да победиме. Ова не беше резултат што го очекувавме и што го заслуживме“, рече Барди по мечот.

Барди беше стрелец во петтата минута од судиското продолжение на првото полувреме за намалување на водството на домашните 1:2 и во 73 минута за израмнување на 2:2.