Ејми Кони Барет, изборот на републиканскиот американски претседател Доналд Трамп за испразнетото место во Врховниот суд, рече дека ќе се води од законот а не од своите лични ставови, во говорот објавен пред да биде сослушана во Сенатот следната седмица.
Барет, конзервативна судијка на Апелациониот суд за Седмиот округ на САД, во кој се одлучува за случаи кои се однесуваат на државите Висконсин, Илиноис и Индијана, изјави дека на моменталната функција „сторила сѐ за да постигне резултат кој се темели на законот, без оглед на личните преференци“.
Барет е доследен католик кој се противи на правото на абортус, тема за којашто веројатно ќе ја испируваат деморкатите во Сенатот. Доколку Сенатот ја потврди Барет, во Врховниот суд ќе има шест конзервативни и тројца либерални судии. Конзервативните активисти се надеваат дека Врховниот суд ќе ја укине пресудата Ро против Вејд од 1973 година со која е легализиран абортусот во целите САД.
Трамп ја номинираше Барет како замена за либералната судијака Рут Бејдер Гинзбург која почина во септември. Барет соопшти дека ќе ѝ претставува „животна чест“ да работи со уште осумте судии на Врховниот суд и го објасни начинот на кој таа им пристапува на случаите.
„Кога носам пресуда, го читам секој збор од перспектива на странката којашто губи. Се прашувам како јас би гледала на пресудата, доколку едно од моите деца е странка против којашто пресудувам“, напиша Барет.
Четириесет и осумгодишната Барет е мајка на седум деца и може да стане петтата жена која ќе извршува должноста во највисоката судска истанца во САД. Пред Трамп да ја именува за судијка на Апелациониот суд на Седмиот округ во Чикаго, била професорка на Правниот факултет на универзитетот Нотр Дам во Индијана.
Барет за надмоќ на конзетвативците во Врховниот суд
Ејми Кони Барет е миленичка на конзервативците поради нејзините верски ставови, а критичарите тврдат дека нејзината потврда во Сенатот, највисокиот суд цврсто ќе се насочи кон десно.
Судијката која како доследен католик е мајка на седум деца, од кои две посвоени од Хаити и еден син со Даунов синдром, Барет лично е против абортусот, која е една од темите кои предизвикуваат најмногу поделби во САД.
Како судијка на сојузниот апелациски суд од 2017 година, Кони Барет изразуваше ставови во прилог на заштитата на правото на носење оружје, против илегалните имигранти, абортусот на барање, како и против реформите на системот за здравствено осигурување кој го воведе претходниот демократски претседател Барак Обама, попознат како „Обамакер“.
Имајќи предвид дека именувањето во Врховниот суд е доживотно, потврдата на именувањето на Кони Барет би обезбедила конзервативно мнозинство во следните децнии, но нејзиното минато во смисла на идеолошките ставови, целосно спротивни на ставовите на починатата нејзина либерална претходничка Рут Бејдер Гинзбург, е извор на новите судири во политичките поларизираните САД.
Претседателот Трамп во текот на својот мандат именуваше двајца конзервативни судии, Нил Горсач во 2017-та, и Брет Кавано во 2018 година. Од номинирањето на Горсач до изборот во Сенатот минаа 67 денови, додека Кавано следната година беше именуван за 89 дена. При номинирањето на Барет во Белата куќа, Трамо предвиде „многу брза“ потврда на именувањето во Сенатот, во кој мнозинството го имаат републиканците.
Така, оваа струја сега во Врховниот суд има пет конзервативни судии наспроти тројца либерални. Барет би била шестата, со што конзервативците ќе имаат голема надмоќ во Врховниот суд.
„Догмата вистински живее во нас“
По детството во Њу Орлеанс на конзервативниот југ на САД, Ејми Кони Барет била најдобриот студент на Правниот факултет на Универзитетот Нотр Дам, каде што подоцна предаваше 15 години.
На почетокот од кариерата била соработничка на познатиот кознервативен судија на Врховниот суд, Антонин Скалија поборник на ткн „изворно“ толкување на американскиот Устав, односно школата на правничко мислење според којашто Уставот треба да се чита онака како што е напишан, а не согласно духот на времето.
Противниците на именувањето на Барет ѝ забележуваат тоа што иако е општо фалена за прецизно изнесување на правните аргументи, таа има ограничено искуство во водењето процеси, откако Трамп во 2017 година ја именуваше за судијка во сојузниот апелационен суд.
Тогаш процесот на потврдата на номинација на Барет се претвори во скандал, бидејќи неолибералната долгогодишна сенаторка на демократите Дајана Фејнстен ѝ порача „Догмата вистински живее во нас“. Без да ја загуби присебноста, Барет тогаш ѝ одговори дека може да ја одвои својата вера од должноста како судијка. Приврзаниците на Барет, пак, ја обвинија Фејнстен за нетолеранција, а судијката само доби уште повеќе на угледот меѓу конзерватиците и религиозната десница.
Пред две години Кони Барет фигурираше во американската јавност како една од можните номинации на претседателот Доналд Трамп за испразнетото место во Врховниот суд, по заминувањето на судијата Ентони Кенеди, но неговото место на крајот го поплни Брет Кавано, повторно со жестоко противење на демократите.
„Кралството Божје“
Делови од предавањата на Кони Барет на Универзитетот Нотр Дам сега демократите го користат во обидите за нејзина дискредитација. Така, тврдат дека еднаш на студентите им се претставила како „поинаков тип адвокат“ и додала дека нејзината „правна кариеара е само средство до целта, а целта е Кралството Божје“.
„Ејми Кони Барет исполнува два лакмуса на Трамп за сојузни судии. Подготвеноста да ги урне Обамакер и пресудата Ро против Вејд“, изјави Даниел Голдбер директор на неолибералната самонаречена „прогресивна“ лобистичка група Алијанса за правда.
Тој вели дека со оваа номинација се сака да се укине здравствената грижа Обамакер, која републиканците постојано ја критикуваат како промашување и во нејзината основна цел и во економските ефекти од неа. Голдберг ѝ забележува дека Барет дури се противела и на осигурувањето на пристапт до контрацепцијата и „би претставувала закана за репродуктивната слобода“. Конзервативците, пак, ја фалат како „брилијантна“ и „импресивна“ судијка.