Барние: Приоритет е трговски договор меѓу Брисел и Лондон

Претставникот на ЕУ во разговорите за излез на Велика Британија од ЕУ , Мишел Барние, рече дека новиот трговски договор со Лондон ќе биде неговиот приоритет по Брегзит, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на изјави на учесници на состанокот зад затворените врати на претставниците на ЕУ во Стразбур.

Весникот наведува дека Барние им кажал на европратениците дека 11 месеци преоден период, почнувајќи од 31 јануари за е планиран конечниот излез на Велика Британија од ЕУ, можеби нема да бидат доволни за да се постигне трговски договор.

Сепак, тој додал дека Брисел ќе се обиде да постигне договор до крајот на 2020 година.

Барние рече дека за решавање на други прашања што не се директно поврзани со трговскиот договор, како што се патниот и воздушниот сообраќај, може да биде потребно подолго време, и оти е важно Брисел да усвои резервни мерки, за да се избегнат негативни економски последици ако дојде до тоа.

Тој, исто така, ја истакна важноста од соработка меѓу ЕУ и Велика Британија во безбедносните и одбранбените прашања.