Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона наскоро пред Ла Лига ќе ја презентира понудата за Лео Меси, се верува дека ќе добие зелено светло за годишна плата од 25 милиони евра бруто.
Барселона сака да го врати Лео Меси на Камп Ноу, но пред да почнат сериозните преговори со Аргентинецот, клубот од Камп Ноу ќе мора да добие зелено светло од Ла Лига за регистрација на фудбалерот.
Како што пренесуваат Спорт и Мундо Депортиво, Барса наскоро пред Ла Лига ќе ја презентира понудата. „Каталонците“ веруваат дека ќе добијат зелено светло за годишна плата од 25 милиони евра бруто.
Тоа значи дека Лео Меси ќе заработува четири пати помалку од она што го заработуваше во сезоната 2020/21, кога договорот му беше тежок 100 милиони евра бруто.
Бруто плата од 25 милиони евра во превод значи околу 13 милиони евра нето, платата што во моментов ја заработува Роберт Левандовски.