
Голем чекор наназад, кога е во прашање шампионската титула во шпанската Примера дивизион, направија фудбалерите на каталонскиот гигант Барселона кои сосема неочекувано одиграа под очекуваното ниво во саботниот натпревар од 27. коло од Примера дивизион и на крајот доживеаа минимален пораз на гостувањето во Валјадолид.
Погодокот вреден три бода, постигнат во 16 минута беше дело на Фаусто Роси, а во второто полувреме прво чиста шанса пред противничкиот гол не искористи Лионел Меси, а потоа и Неимар.
Иако заслужен одмор добија неколку стандардни првотимци, тимот на Атлеико (М) многу полесно од очекуваното ја оправда фаворитската улога и сосема заслужно со 2:0 славеше на незгодното гостување во Виго.
Големиот кикс на Барселона, денеска сигурно ќе биде искористен од фудбалерите на Реал (М) кои имаат обврска да забележат што е можно поубедлива победа над гостинскиот тим на Леванте.
Резултати: Валјадолид – Барселона 1:0, Бетис – Гетафе 2:0, Селта – Атлетико М. 0:2, Гранада – Вилјареал 2:0.
Денеска на програмата: Еспањол – Елче, Алмерија – Севилја, Реал М. – Леванте, Валенсија – Атлетик Б.