Фудбалерите на Барселона во градското дерби во рамките на 3-то коло на шпанското фудбалско првенство во саботата вечерта со високи 5:0 го совладаа Еспањол и остана водечка екипа со максимален ефект на стартот од новата сезона по киксевите на мадридските конкуренти Реал и Атлектико.
Аргентинскиот ас Лионел Меси постигна нов хет-трик, беше прецизен во 26-та на асистенција на Иван Ракитиќ, па во 35 минута, а во 67 минута го искористи додавањето на Жорди Алба. На 4:0 зголеми Жерар Пике во 87 минута, а Луис Суарез во 90 минута го постигна конечниот резултат.
Претходно во саботната програма од Примера фудбалерите на Севиља славеа со 3:0 против Еибар, со головите на Ганса во 4, Висам Бен Једер во 76 и Нолито во втората минута од судиското продолжување.
Валенсија и Атлетико на „Местаља“ одиграа без голови. Претходно Реал Мадрид на својот „Сантјаго Бернабеу“ одигра само 1:1 со Левнате.
Барселона сега е осамена со максималните 9 бодови, Севиа има 6 а Реал Мадрид по двете ремија во низа има 5 бодови.