Барса го совлада Атлетик, се израмни со Реал

Во последниот меч од 21-то коло на шпанското фудбалско првенство Барселона на својот „Камп Ноу“ во неделата вечерта го совлада Атлетик Билбао, и подовно се израмни со Реал Мадрид кој во саботата дома беше надигран од Леванте.

Барселона иако играше супериорно, на крајот тешко дојде до петтата победа во низа, односно десеттиот натпревар со ред без пораз. Каталонците предводени од расположениот капитен Лионел Меси во првото полувреме создаваа бројни шанси, но дојдоа само до минимална предност по брилјантниот погодок на Аргентинецот во 20 минута од слободен удар од повеќе од 20-ина метри. Атлетик ѝ приреди студен туш на Барса на отворањето од вториот дел кога во еден контранапад сопствената мрежа ја затресе Жорди Алба. Во продолжението, Барселона напаѓаше во обид да дојде до ново водство а Атлетик се обидуваше повторно да изненади од против напад. Сепак, во 74 минута Антоан Гризман реализираше добар напад за 2:1.

Барселона со 40 бода се изрмани со Реал Мадрид на втората позиција, а двата клуба имаат 10 бодови заостанување и меч повеќе од водечкиот Атлетико Мадрид. Каталонците имаат подобра разлика, но според пропозициите во Ла Лига, „Кралевите“ поради победата во „Ел Класико“ сега имаат предност. Атлетик Билбао е 11-ти со 24 бодови.

 

Атлетико Мадрид беше сигурен и со 4:2 славеше на гостувањето кај Кадиз. За гостите двоен стрелец беше Луис Суарез во 28 и во 50 минута од пенал, а погодија и Саул Нигуез во 44 и Коке во 88 минута. Двоен трелец за домашните беше Алваро Нелгредо во 35 71 минута.

Атлетико со оваа победа дојде до скорот од 16 риумфи две ремија и само еден пораз сезонава поради што е и сигурен на врвот на Примера, а Кадиз е 13-ти со 24 бодови.

 

Натпреварите Хетафе – Депортиво Алавес и Гранада – Селта Виго завршија без постигнат погодок.

Гранада е седма со 29 бодови, Селта е десетта со 25, Хетафе е 12-ти со 24 а Алавес е во зоната на испаѓање 18-ти со 19 бодови.

 

Во понеделник се игра дуелот Реал Бетис – Осасуна.