![6186fa6d13984](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/6186fa6d13984.jpeg?resize=696%2C341&ssl=1)
Реал Мадрид го совлада Рајо Ваљекано со 2:1 во последниот саботен меч од 13-то коло на шпанскотот фудбалско првенство и привремено изби на врвот на табелата.
Водечкиот погодок на Реал го постигна во 14 минута Тони Крос кој по асистенција на Марко Асенсио го совлада македонскиот репрезентативен голман Соле Димитриевски. Во 38 минута Давид Алаба со одлично додавање го проигра Карим Бензема за да ја удвои предноста на „Кралевите“.
Но Реал до крајот стравуваше за победата, ветеранот Радамел Фалкао во 77 минута го намали заостанувањето на Рајо но по само четири минути мораше да ја напушти играта поради повреда. Во 90 минута Крос ја исфрли топката од самата гол-линија и го спаси Реал од судбината која претходно ја снајде Барселона во Виго.
Реал Мадрид моментално е водечки во Примера со 27 бодови од 12 натпревари, два повеќе од Реал сосиедад кој својот натпревар од ова коло го игра во недела. Трета е Севилја со 24 а четврти е Атлетико Мадрид, но двата клуба до саботата имаа одиграно по 11 натпревари. Рајо Ваљекано остана на 20 бодови од 13 натпревари и моментално е на шесто место.
Три голови предност по првото полувреме успеаја да упропастат фудбалерите на Барселона на гостувањето кај Селта во Виго, а домашните со погодок во самиот финиш успеаја да израмнат и да му го расипат дебито на клупата на новиот тренер на Каталонците, некогашната играчка ѕвезда Чави Ернандез.
Барселона одигра фуриозни прво полувреме. Веќе во 5 минтуа водство донесе Ансу Фати, во 18 минута капитенот Серхио Бускетс го постигна својот прв погодок во Примера по две години, а во 34 минута Мемфис Депај со глава ја испрати топката во противничката мрежа по нафрлувањето од Жорди Алба.
Но во продолжението следеше хаотична игра на Барселона, што ѝ овозможи на Селта да ја подобри својата што резултираше со три погодока и израмнување. Во 52 минута Иаго Аспас намали на 1:3, на гол заостанување домашните ги доведе Нолито во 74 минута, а во шестата минута од судиското продолжение израмни Аспас со вториот свој погодок.
Барселона остана моментално деветта на табелата со 17 бодови од 12 натпревари, пет помалку од позициите кои водат во европските натпреварувања, а Селта е 15-та со 12 бодови.
Тренерот Чави очигледно го чека многи работа, што го потврди и холандскиот интернеционалец Френки де Јопнг кој по мечот изјави дека во второто полувреме „заборавиле да играат фудбал“ и дека играчите се тие кои мора да се променат и имаад недостиг од самодоверба. Покрај тоа, Каталонците на овој меч го загубија и Фати кој во 48 минута седна на тревникот и се фати за задната ложа на левата нога и мораше да биде заменет.
Во првиот дуел од саботната програма Еспањол како домаќин со 2:0 ја совлада Гранада. Адрија Педроза во 30 и Раул де Томас во 42 минута беа стрелци за победниците.
Еспањол моментално е 10-ти со 17 бодови колку што има и градскиот ривал Барслона но со мел помалку. Гранада остана на 11 бодови и е 17-та, место над зоната на испаѓање.
Фудбалерите на Алавес со пресврт дојдоа до победата од 2:1 на домашен терен над Леванте. Гостите поведоа во 13 минута со голот на Хорхе де Фрутоза и ја одржуваа предноста до 77 минута. Тогаш од пенал израмни Хозели, а во првата минута од судиското продолжение истиот играч го однесе и резултатскиот пресврт.
Алавес моментално е 13-ти со исто толку бодови, а Леванте и натаму сезонава нема лигашка победа и е последен 20-ти со само шест бодови.
Во недела играат Вилјареал – Хетафе, Валенсија – Атлетико Мадрид, Мајорка – Елче, Осасуна – Реал Сосиедад и Реал Бетис – Севилја.