Барса ја преброди Севиља, Атлетико во последен момент славеше кај Депортиво

Водечката екипа во шпанското фудбалско првенство Барселона во средбата од 11-то коло на својот „Камп Нои“ ја совлада незгодната Севилја до 2:1 (1:0).

Иако ова беше јубилеен 600-ти натпревар за аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси, јунак на саботниот меч на Барселона беше Пако Алкасер кој ги постигна двата гола во победата на својот тим, првиот во 23 а вториот во 65 минута. За Севилја на кусо изедначи Пизаро во 59 минута.

Претходно во саботата второпласираната Валенсија на својата „Местаља“ го совлада Леганес со убедливи 3:0 (1:0, додека Атлетико Мадрид како гостин во Ла Коруња го совлада Депортиво со 1:.0 (0:0). Алавес, пак, со голот на Сантос во првата минута го совлада Еспањол.

Стрелци за седмата последователна победа на „лилјаците“ еа Парехо во 14, Родриго во 71 и Санти Мина во 82 минута од пенал. Единствениот гол за Атлетико, пак, го постигна Томас Партеи во првата минута од судиското продолжение со прецизен удар од 20-ина метри по комбинацијата со Габи.

Барселона сега на врвот има 31 бод, четири повеќе од втората Валенсија, трет е Атлетико Мадрид со 23 бода, три повеќе и натпревар повеќе од четвртиот Реал Мадрид, додека Севилја остана петта со 19 бодови.