Барса не паничи поради големиот интерес на ПСЖ за Меси

Новиот претседател на каталонскиот гигант Барселона, Жосеп Мариа Бартомеу, со смеење ја искоментира сензационалната информација дека раковдоните лица на најбогатиот клуб во Франција, ПСЖ, се подготвени да одвојат рекорни 250 милиони евра за обештетувањето на аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси.

„ПСЖ? Јас добро знам колку е среќен Меси на “Ноу Камп” и немам никаква дилема кога е во прашање неговата иднина. Не верувам дека сака да си замине од редовите на Барселона. Станува збор за фудбалер кој како да е роден во Барселона. Дојде на “Ноу Камп” кога имаше само 13 години. Јас постојано ја слушам неговата изјава дека сака својата богата фудбалска кариера да ја заврши во дресот на Барселона”, изјави Бартомеу.