Во дербито од осмото коло на шпанското фудбалско првенство актуелниот првак Атлетико Мадрид ја надигра разнишаната Барселона со 2:0, придружувајќи му се на врвот на табелата на градскиот ривал Реал.
Тимот на Диего Симеоне целата работа ја заврши во вториот дел, препуштајќи го поседот на топката на гостинот, а со опасни противнапади создавајќи шанси.
Атлетико поведе по одличната акција во 24 минута, кога Жоа Феликс отвори брз напад, го проигра Луис Суарез кој веднаш продолжи до Томас Лемар кој беше непопречен откосо и го совлада Тер Штеген. Барса можеше да израмни три минути подоцна, но Фелипе Кутињао лошо шутираше. Во самиот финиш од првото полувреме домашните постигнаа уште еден погодок. Феликс повторно ја повлече топката, но овојпат го проигра Лемар кој му возврати на Суарез за асистенцијата, а Уругваецот осамен го совлада својот поранешен соиграч за 2:0.
Суарез така постгна погодок против секој 31 клуб кој играл во шпанското првенство откако тој се појави во шпанската лига. Последната жрва е Барселона чиј дрес го носеше 283 пати. Од друга страна, за Лемар ова е првпат откако во 2018 година дојде во Атлетикот Мадрид на еден меч да биде и стрелец и асистент.
Атлетико сега има 17 бодови колку и Реал кој има и меч помалку, а 16 бодови има Реал Сосидад кој има седум натпревари а четврта е Севилја со 14 бодови од шест натпревари.
Барселона, која го одигра седмиот меч сезонава, го претрпе и првиот пораз сезонава. Но Каталонците ја продолжија серијата лоши резултати, во последните шест меча во сите натпреварувања впиша само една понеда, три пораза и два ремија. Моментално со 12 бодови е 10-та на табелата.
Во претходно одиграниот дуел Мајорка со голот на Идриз Баба во 75 минута го совлада дома Леванте. Гостите пред крајот на мечот имаа голема можност да останат непоразени, но Хозе Луис Моралес не реализираше најстрога казна.
Мајорка е 11-та со 11 бодови, а Леванте со четири бодови е 17-ти, но по заокружувањето на колото може да падне во зоната на испаѓање.
Во првиот саботен меч Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски несреќно минимално со 0:1 беше поразен на гостувањето кај Осасуна.
Стрелец на победничкиот погодок во првата минута од судиското продолжение беше Ману Санчез, кој со глава го реализираше центаршутот на Коте од левата страна.
Рајо Ваљекано и натаму е високопласиран, шестти е со 13 бодови, а петтото место кое води во Лига Европа му го одзема токму Осасусна која сега има 14 бодови.
Во недела на распоредот се натпреварите: Елче – Селта Виго, Еспањол – Реал Мадрид, Хетафе – Реал Сосиедад, Виљареал – Реал Бетис и Гранада – Севилја.