Барса подобра во градското дерби со Еспањол

Пред четири дена Лионел Меси ги разгневи сонародниците кога пореди повреда на препоните не настапи на пријателскиот меч на селекцијата на Аргентина кај Мароко, а во саботата повторно им донесе радост на навивачите на Барселона која во градското дерби на нејзиниот „Камп Ноу“ со 2:0 го совлада Еспањол, а двата гола ги постигна Меси.

Во првото полувреме и двата тима не упатија речиси ниеден директен удар кон противничкиот гол, освен ударот на Иван Ракитиќ во 21 минута кој мина близу левата статива од голот на Еспањол. Првиот гол Меси го постигна во 71 минута кога итро изведе слободен удар од работ на шеснаесетникот, со чудна ротација на топката која ги збуни гостинскиот голман и бек кој беше на гол-линијата и од чија глава се одби во мрежата. Вториот Погодок Аргентинецот го постигна во 89 минута, по брзиот контранапад.

Атлетико Мадрид подоцна беше убедлив со 4:0 на гостувањето кај Алавес. „Јорганџиите“ дојдоа рано во сигурно водство преку Саул во 5 и Диего Коста во 12 минута, во 59 минута гол постигна и Мората, а Томас постигна прекрасен гол за конечниот резилтат шест минути пред крајот.

Барселона сега има 69 бодови, 10 повеќе од вториот Атлетико и 15 од третиот Реал, а мадридските клубови имаат меч помалку. Еспањол е 14-ти со 34 бодови, девет повеќе од опасната зона. Алавес така не успеа да го мине Хетафе на четвртото место, остана со 44 бодови, само еден повеќе од Севилја која има меч помалку.

Селта во Виго со голем пресврт го победи со 3:2 Вилјареал. Гостите водеа со 2:0 со головите на Токо Екамбио во 11 и Алфонсо Педразе во 15 минута, а домашните дојдоа до победата преку Иако Аспас со погодоците цо 50 и 86 минута од пенал, и на Гомез во 71 минута. Селта сега има 28 бодови на 18-то место бод за Реал Вилјареал и Вилјареал кои се на безбедните места, а пет повеќе од претпоследниот Рајо Ваљекано емсто кои сигурно води во Сегунда.

Во првиот меч во саботата до 29-то коло на шпанското првенство, Леганес направи големо изненадување откако во саботата во првиот дуел од 29-то коло на шпанското првенство во мадридското предградие со 2:0 го совладаа Хетафе кој се бори за пласман во Лигата на шампионите.