Фудбалерите на Барселона победија во 24-то коло на Примера на гости кај Еубар со 2:0, и повторно имаат десет бодови предност пред мадридски Атлетика.
Барселона го многу напори дојде до победата над цврстата екипа Еибар, која пропушти голем број убави можности за постигнување гол, дури и по исклучувањето на Орелана во 66 минута. Каталонците инаку поведоа во 16 минута преку Луис Суаерез на асистенција на Лионел Меси кој не успеа од неколку чисти шанси, а во 88 минута погоди Жорди Алба.
Барселона сѐ уште не е поразена во шпанското првенство и има 62 бода на првото место, додека ја следи Атлетико Мадрид со 52 бода, додека Еибар е на високото седмо место со 35 бодови.
Претходно Севилја, исто така, на гости славеше со 2:1 кај Лас Палмас. Висам Бен Једер во 36 и Пабло Сарабија во 50 минута погодија за Севилја, којашто остана на петтото место со 39 бодови, додека Лас Палмас се осумнаесетти со исто толку бодови.