Барса против Реал во Мадрид ќе истрча во уникатни дресови

Поранешниот капитен на Барселона, Карлес Пујол го претстави петтиот комплет на тимот за сезоната 2020/21.

Овие дресови ќе се користат само на еден натпревар, и тоа на гостувањето кај најголемиот ривал Реал Мадрид на 11-ти април годинава во „Ел Класико“

Првпат дресот ќе ги содржи црвено-жолтите ленти на каталонското знаме. На крајот на јануари дресовите од специјалното издание ќе бидат пуштени во продажба во клупските продавници во Барса.

Порталот footyheadlines веќе го претстави дизајнот за специјален комплет на каталонскиот великан.