Во последниот натпревар во неделата од второто коло на шпнаското фудбалско првенство, Реал Бетис и Атлетико Мадрид во Севилја одиграа без голови.
На стадионот „Бенито Виљамарин“ беше одигран натпревар со само еден шут упатен во рамките на голот, кој беше принуден да го одбрани домашниот голман Руи Силва. Бетис имаше 14 удари, девет повеќе од Атлетико, но ниеден не предизвика интерввенција на гостинскиот голман и капитен Јан Облак.
Бетис и Атлетико со освоениот бод им се придружија на каталонските клубиви Жирона и Барселоја во групата екипи со по четири бодови, од третата до шестата позиција на табелата, зад водечкиот двоец со максималните шест бодови – Реал Мадрид и Валенсија.
Фрустрираниот и испретуран тим на Барселона, вез казнетите тренерот Чави и напаѓачот Рафиња, во својот прв натпревар на резервниот стадион „Монтжуик Олимпик“, бидејќи „Камп Ноу“ следните три години ќе се реновира, со големи напори дојде до понедата на Кадиз од 2:0.
Во редовите на домашните играчи забележителна беше нервозата и фрустрацијата од незаслуженото реми кај Хетафе во првото коло. Реагираа на секоја судиска одлука, и иако доминираа во завршницата не беа концентрирани.
Кадиз постави цврста одбрана, но и од два-три брзи напади имаше одлични можности да поведе, а на голот го имаше расположемиот Ледезма. Но тој мораше да капитулира во 82 минута кога Педри ја проби целата одбрана на гостите, а во третата минута од судиското продолжение малку претходно влезениот во игра Феран Торез од контранапад го постави конечниот резултат.
Фудбалерите на Жирона пред своите навивачи беа убедливи во дуелот со Хетафе и славеа со 3:0. Стрелци за домашните беа Јангел Херера во 12 и Кристина Стуани во 55 и 65 минута.
Во понеделник колото ќе го затворат дуелите Алавес – Севилја и Гранада – Рајо Ваљекано.