Фудбалерите на Барселона во неделата во рамките на 28-то коло на шпанското фудбалско првенство со 4:0 ја совладаа Осасуна пробивајќи се на третото место на Примера.
За четвертата последователна победа на тимот на Чави Ернандез два погодока постигна Феран Торес, првиот од пенал во 14 минута а вториот во 21 минута на додавање од Усман Дембеле. Истиот играч во 27 минута беше асистент за голот на Пјер-Емерик Обамејанг. Конечните 4:0 ги постави Ричи Пуиц во 75 минута, само две минути откако го заемни Педри.
Барселона сега со 51 бод се израмни со Атлетико Мадрид но го мина на првенствената табела благодарејќи на подобрата гол-тазлика, а покрај тоа Каталонците имаат и меч помалку. Пред нив се Севилја со 56 бодови со меч помалку и Реал Мадрид кој има 63 бодови од 27 кола.
Реал Сосиедад пред своите навивачи го совлада со 1:0 претпоследниот Алавес и дојде до три бода кои му се важни во борбата за место во Лигата на шампионите. Зубиемнди во 70 минута ја донесе победата со којашто Реал Сосиедад е на 47 бодови и на шестото место. Алавес е поразен 16-ти пат сезонава и остана на претпоследното 19-то место со 22 бодови, три помалку од безбедната зона.
Бетис дома со минималните 1:0 го совлада Атлетик Билбао. Победничкиот погодок го постигна Борха Иглесијас во 20 минита. Од 80 минута домашните играа со играч помалку откако беше исклучен Набил Фекир, но Баските не успеаја да го спречат поразот.
Бетис се одржа на петтото место сега со 49 бодови, а Атлетик остана осми со 40 бодови.
Во првиот неделен натпревар Рајо Валјекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и Севилја во Мадрид одиграа без победник 1:1. Севилја во првиот дел беше потполно во подредена положба што го искористеија домашните веднаш на почетокот од вториот дел со голот на Бебе. Севилја израмни во 63 минита, а стрелец беше данскиот репрезентативец Томас Деланеи.
Столе Домитриевски беше херој на домашниот тим бидејќи во судиското продолжение ги одбрани опасните удари на Мартиал и Деланеи, а судијата Мунуера во 80 минута по прегледувањето на снимката ја поништи својата веќе донесена одлука за пенал за тимот од Андалузија. Рајо Валјекано е на средината на табелата 13-ти со 32 бодови.