
Претседателот на Барселона, Џозеф Марија Бартомеу, ги отфрли гласините за можно враќање на Нејмар.
– Никогаш не сум зборувал за враќање во Барселона ниту со Нејмар ниту со неговиот татко. Станува збор за играч на ПСЖ, и јас не мислам дека парискиот клуб планира да продава играч како него. Ние планираме да се подготвуваме за следната сезона, но Нејмар не е на нашите списоци, соопшти Бартомеу.
Претходно во медиумите се појавија информации за можно враќање на бразилскиот напаѓач во “Барселона”.
Во тековната сезона, Нејмар одигра 23 натпревари за ПСЖ, постигна 20 гола и оствари 11 асистенции.
Бразилецот во 2017 година направи трансфер од Барселона во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.