
Фудбалерите на Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ пред 78.921 гледач со 1:0 го совладаа во саботата Реал во 26-то коло од шпанското првенство, само четири дена откако во Купот на кралот на истиот тревник победија со 3:0.
Победничкиот гол во ова издание на „Ел Класико“ го постигна Иван Ракитиќ во 26 минута, а во првиот дуел на големите ривали славеше Барселона со 5:1. Сега Барселона има дури 12 бодови повеќе и се чини целосно го исфрли Реал од трката за шампионската титула.
На табелата води Барселона со 60 бодови, Атлетико Мадрид има 50, а Реал Мадрид 48 бодови.
Ракитиќ по проигрување од Серхио Роберто откосо го префрло Тобо Куртоа, откако само неколку минути претходно Лионел Меси не реализираше од речиси идентична ситуација, Најдобрите шанси за Реал во првото полувреме ги имаше Лука Модриќ чиј удар во 23 минута го блокираше Пике, а во 44 минута со глава шутираше преку голот. Гостите, пак, ја имаа првата шанса во второто полувреме во 52 минута преку Луис Суарез, кој се сплетка во пресудните моменти. Во 60 минута Винисиус шутираше по еден подарок од Ракитиќ, но Ленгле со телото го блокираше ударот. Усман Дембеле можеше да ги реши сите дилеми околу победникот, но во 70 минута беше себичен, и наместо да го проигра слободниот Суарез шутирше крај голот на Куртоа.
Ова беше веќе шесто „Ел Калсико“ во низа во кое Реал не победи, а Барса запиша четири победи, а два дуала завршија без победник. „Кралскиот клуб“ последен пат победи во дербито на 2-ри април 2016 година, со 2:1 на гости. Во шпанското првенство Реал и Барселона одиграле 178 натревари, и двата клуба имаат по 72 победи, а 34 пати ремизирале. Лутите ривали одиграле вкупно 241 меч во сите натпреварувања, а со вечерашната победа Барселона има една повеќе од Реал – 96 наспроти 95.
Истовремено, екипата на Ернесто Валверде ја продолжи серијата без пораз во шпанското првенство, која трае 14 кола. Последен пат каталонскиот клуб беше поразен на 11-ти номеври минатата година со 3:4 од Бетис.
Најголемото изненадувње во саботните натпревари го направи Хуеска која со 2:1 ја победи Севилја. Ова беше само петтата победа на „фенерџијата“ сезонава, па Хуеска со новите три бода дојде до вкупно 22, бод помалку од Рајо Ваљекано и Вилјареал, и три од 17-та Селта Виго која го држи местото кое гарантира опстанок. Севилја, пак, моментално е шеста со 37 бодови, и по завршувањето на колото може да се оддалечи дополниетлно од позициите кои водат во еврипските натпреварувања.
Хуан Пабло Анор ги доведе домашните во водство во 7 минута, а израмни Висам Бен Једер во 84 минута од пенал. Кога се мислеше дека мечот ќе заврши без победник, Езекиел Авиља во осмата минута од судиското продолжение предизвика експлозија од одушевување на „Ел Алкораз“.
Поразот на Севилја добро му дојде на Депортиво Алавес кој на гостувањето го победи Вилјареал со 2:1, па со 40 бодови дојде до четвртокот место кое води во Лигата на шампионите. Вилјареал со 23 бода останува 18-ти во зоната на испаѓање. Алавес поведе со голот на Гиљермо Марипан во 54 минута, но шест минути подоцна израмни Санти Казорла од пенал. Победата на госите им ја донесе Такаши Инуи во 77 минута.
Еспањол со 3:1 го победи Реал Вајадолид. За домашните стрелци беа Иглезијас во 1, Хермосо во 55 и Ву Леи во 65 минута, а Алказар за гостите во 17 минута. Еспањол е 11-ти со 33 бодови, а Реал Вајадолид е 16-ти со 26 бодови.
Во недела се играа дуелите Еибар – Селта Виго, Реал Бетис – Хетафе, Реал Сосиедад – Атлетико Мадрид, Валенсија – Атлетико Билбао, а во понеделник Леганес – Леванте.