Барселона ја прифати понудата на Јувентус!

„Скај Спортс“ објави дека Јувентус постигнал конечен договор со Барселона околу Артур Мело.

Сагата околу Артур е при крај, а Барселона, наводно, прифатила понуда од 80 милиони евра од Торино за играчот на репрезентацијата на Бразил, кој се согласи да замине во Торино, иако упорно повторувал дека сака да остане на „Камп Ноу“.

Според „Скај Спорт“, 23-годишниот фудбалер ќе заработи повеќе во Јувентус отколку во Барселона, а ќе добие околу пет милиони евра годишно. Артур се очекува да игра вечерва против Атлетик и тоа ќе биде неговиот последен натпревар во дресот на Барса.

Клубовите сакаат да ја завршат целата работа до 30 јуни, а се верува дека Миралем Пјаниќ на крајот ќе се пресели во Барселона. Јувентус го проценува Пјаниќ 70 милиони евра, но Барселона наводно е убедена дека разликата во цената помеѓу Артур и Пјаниќ треба да биде повеќе од 10 милиони евра.

Сепак, се верува дека, во согласност со фактот дека Артур оди во Јувентус, на крајот Пјаниќ ќе оди во спротивна насока.