Барселона ја впиша и седмата првенствена победа

Фудбалерите на Барселона продолжуваат со победите во шпанското првенство. Во мечот од седмото коло го совлада Хетафе со 1:0, забележувајќи ја седмата победа.

Решавачкиот гол го постигна Роберт Левандовски во 20. минута. Гостите можеа да ја шокираат Барса уште во четвртата минута од судиското надополнување, но Борха Мајорал го промаши невозможното.

На претходната средба Жирона и Рајо Ваљекано одиграа без голови.

Жирона, која беше најпријатното изненадување во Примера минатата сезона, го забележа првото реми по три последователни пораза, два во првенството (Барселона, Валенсија) и еден во Лигата на шампионите (ПСЖ).

В четврток се среќаваат Еспањол – Виљареал, Лас Палмас – Реал Бетис и Селта од Виго – Атлетико Мадрид.

На табелата води Барселона со 21 бод, четири повеќе од Реал Мадрид.