Барселона – Арагон 42:25 (20:10)

На почетокот на новата ASOBAL лига, првакот Барселона во „Палау Блауграна„ го дочека Арагон на Деметрио Лозано како тест пред заминувањето за Доха, каде од сабота ќе го брани трофејот од IHF Суперглоб. Шампионот инзворедно го отвори мечот и поведе со 5:0 по неполни 4 минути. Гонзало од стартот беше сигурен, а Лазаров и Сигурдсон ја потврдија формата од двата Суперкупа.

Новајлијата Жалуз во почетната фаза погоди два пати, најавувајќи дека Барса направи прав потег доведувајќи го. Клаверија и Дела Вале полека се опуштија од грчот, но по 10 минути веќе беше 9:2 за Лазаров и другарите. Следеше период на деконцентрација и технички грешки на домаќините и Арагон на Деметрио Лозано доаѓа до 13:8 во 20 минута. Ракометарите на Арагон пред се во нападот наметнаа игра преку крилата и често минуваа. Пак фаворитот „нагази„ во последните 10 минути од првиот дел и пак Сигурдсон и Лазаров ја донесоа највисоката предност од +10 на одмор. Во првиот дел близу 1000 гледачи го поздравија дебито на Ориол Реј. Во вториот дел на голот застана Шариќ и одлично бранеше на стартот.

Сигурдсон со два ефектни гола во 36 минута, предноста ја зголеми на 26:14. Извесно беше дека Арагон ќе се бори за чесен пораз во дебито на новата сезона. Нашиот Кирил Лазаров во голем стил со уште неколку гола го заврши мечот и најави дека ако минатата сезона беше најдобар клубски стрелец во ASOBAL лигата, зошто тоа да го не го повтори и оваа сезона. Финални 42:25 за Барселона на Хавиер Пасквал и уште доза на позитивна атмосфера пред седум дневното катарско искуство во битка за светската титула. Во екипата на Барселона одлично деби на Гудјон Валур Сигурдсон, кој постигна 8 гола од 10 обиди. Лазаров додаде уште 7, а 5 пати погоди Ајтор Арињо.Гонзало имаше 11 интервенции на голот. За тимот на Арагон 7 гола постигна Хавуер Арињо Гарсија, а уште 6 придодаде Алваро Дел Вале Наваса. Екипата на Хавиер Пасквал в сабота патува за Доха, каде ќе ја брани титулата светски клубски првак освоена минатата година.