Барселона го лови Ландин

Шансите голманот на Барселона Арпад Штербик, да ја продолжи кариерата во Вардар значително се зголемија откако “каталонците” стартуваше сериозна потрага по нов голман. Каталонското радио „Еспорт 3“ објави дека Барса веќе тргнала во целосна офанзива за Никлас Ландин.

Данскиот чувар на мрежата има извонредна сезона во дресот на германскиот Р.Н. Ловен, тим што беше елиминиран од Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Ландин имаше 16 одбрани на првиот меч во Манхајм и 15 интервенции на реваншот во Барселона, потврдувајќи го епитетот на најдобар голман во Европа. Каталонците јавуваат дека Барса ќе стори се што може за да го доведе Ландин во своите редови, што е јасен знак дека се подготвува и за разделба со Арпад Штербик.