Барселона го започна проектот “2015/2016”

Само што го освои пехарот во Лигата на шампионите, Барселона почна да размислува на следната сезона.

По најавеното заминување на Дани Алвеш, раководството на “каталонците” го доведоа десниот бек на Севиља, Алеиш Видал.

Севиља ќе добие оштета од 10 милиони евра, а Видал ќе потпише договор според кој ќе остане на “Камп Ноу” во следните 5 години.

Сепак, останува нејасно како е возможно Барселона да прави трансфери, со оглед на забраната за реализација на трансфери до 2016 година, а и доколку трансферот се оствари, кога Видал ќе може да дебитира за новиот европски шампион.