Барселона го згази Интер Мајами на Бекам (ВИДЕО)

Барселона ја почна победнички турнеата во САД, совладувајќи го синоќа тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами со 6-0.

Иако Чави не беше на натпреварот, поради проблеми со визата, неговиот тим функционираше како подмачкан со новите засилувања. Најмногу се истакна Бразилецот кој дојде од Лидс, Рафиња, бидејќи постигна дебитантски гол, а двапати беше асистент.

https://twitter.com/FCBarcelona_es/status/1549600060287193089?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1549600060287193089%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fsvet%2Fbarsa-go-zdrobi-timot-na-bekam-debi-gol-za-rafinja-video

Гол-ревијата почна во 19. минута, кога по една убава акција, на додавање од Рафиња, Обамејанг го отвори резултатот. Бразилецот биеше прецизно пет минути подоцна, а во 40-тата го послужи Ансу Фати да зголеми на 3-0.

Во вторите 45 минути излезе нова постава на Каталонците, а како стрелци се запишаа Гави, Депај и Дембеле. Допрва се очекува деби и на Роберт Левандовски, кој од пред еден ден е во тимската база на Флорида, а синоќа официјално ставил потпис на четиригодишен договор.