Според пишувањата на шпанските медиуми, младиот ракометар Хаиме Гаљего ќе биде замената за Лудовик Фабрегас во актуелниот европски ракометен шампион Барселона.
Гаљего моментално настапува за Торелавега, клуб кој што покажува добри резултати во АСОБАЛ лигата.
Бидејќи од каталонскиот гигант соопштија дека за следната сезона нема многу да трошат пари на скапи играчи, шпекулациите околу можната преселба на 22 годишниот ракометар би требало да се точни.