Шпанскиот фудбалски великан Барселона покажа голем интерес за играчот од средниот ред на лондонски Тотенхем, Французикот Тангуи Ндомбеле.
Како што пренесуваат британските медиуми, Барселона е подготвена за 23-годишниот француски играч да му понуди на Тотенхем двајца играчи и извесна сума.
Младиот среден играч на пазарот чини 60 милиони евра, но Барселона поради кризата од пандемијата на короанвирусот не е во можност да ја плати сумата. Поради тоа, на „Камп Ноу“ се подготвени во Тотенгем да ги испратат францускиот бек Самуел Умтити и португалскиот бек Нелсон Семедо.
Ндомбеле дојде во Тотенхем во јули 2019 годиан од Лион за 60 милиони евра, но за лондонскиот клуб впиша само 27 настапи и се чини дека Жозе Мурињо нема доверба во него.
Тотенхем, инаку, има довлно играчи на теренот – Хари Викнс, Нуса Сисоко, Ерик Диер, Оливер Скип, Гедсон Фернандес, Џио Ло Селсо, и на Островот се нагаѓа дека „Спарси“ би можеле да се согласат на трампа.