Дефанзивецот на Барселона, Клемент Ленгле, кој е на позајмица во Тотенхем, може да остане во англискиот клуб.
Според „Фудбал Еспања“ двата клуба ќе разговараат за трансфер опција за 10-15 милиони евра.
Дваесет и седумгодишниот Французин дојде во Барселона во 2018 година. Оваа сезона настапува за Тотенхем за кого одигра осум натпревари и постигна една асистенција.