Фудбалерите на Барселона се сѐ поблиску до новата титула во Шпанија откако во дербито од 32-то коло на својот „Ноу Камп“ славеа над Валенсија со 2:1, а покрај тоа го соборија и рекордот на Примера бидејќи во 39 последователни натпревари останаа непоразени.
Барселона со тоа го подобри досегашниот рекорд на Реал Сосиедад од 1980 година, кога Баскијците нанижаа 38 дуели без пораз во Примера.
Во првиот меч по шокантната елиминација од Рома во Лигата на шампионите, Барселона собра сили да ја совлада опасната Валенсија, а според прикажаното на теренот победата требаше да биде изразена со далеку поголем скор од конечните 2:1.
Каталонците поведоа преки Луис Суарез во 15 минута, а во 51-та Самуел Умптити зголеми на 2:0, Потоа, тргнувајќи од Меси, домашните фудбалери не реализираа серија шанси, за во 87 минута Дани Парехо од пенал да го намали резултатот.
Баселона со новата победа има 82 или 14 бодови предност пред Атлетико Мадрид, кој има и меч помалку. Валенсија остана трета со 63 бодови, но само со бод помалку од Реал Мадрид кој исто така има меч помалку.
Претходно Севилја и Вилјареал одиграа возбудлив меч кој заврши без победник 2:2. Севилја пред три дена испадна до Лигата на шампионите, а без победа е веќе шест последователни натпревари, но во саботата избегнаа пораз со сензационален пресврт со играч помалку во последните минути. На својот „Санчез Пицхуан“ домашните губеа со 2:0, откако за Вилјареал стрелци беа Раба во 36 и Бака во 58 минута. Покрај тоа, кај Севилја беше исклучен Бен Једер, а неговите фудбалери не реализираа и пенал. Но за само четири минути, во 78 преку Нолито и во 82 минута преку Н’зонзи, стасаа до изедначување и еден бод.
Вилјареал сега е шести на табелата со 48 бодови, а Севилја со бод помалку моментално е место подолу.