Барселона пред Манчестер Јунајтед, на третото место Арсенал му се придружи на Челзи

Од година в година вредноста на фудбалерите вртоглаво расте, но иста е и ситуацијата и со спонзорските договори на произведувачите на спортска опрема коишто плаќаат астрономски суми за најдобрите европски клубови да играат во нивните дресови.

До оваа година највносниот спонзорски договор го имаше Манчестер Јунајтед, кој во 2015 година потпша десетгодишна верност со германски „Adidas“, кој му плаќа 82,5 милиони евра по сезона.

Меѓутоа, оваа година англискиот клуби го мина Барселона којашто потпиша нов десетгодишен договор со американски „Nike“ во износ од 110 милиони евра по сезона. Барса инаку игра во дресовите на американсииот производител од 2008 година, а новиот договор е за дури 70 милиони евра повисок од претходниот.

На третото место е Челзи, кој од 2017 година „премина“ од „Adidas“ во „Nike“. Германците му плаќаа на лондонскиот клуб 33 милиони евра по сезона, додека договорот со Американците, кој е од 2017-та до 2032 година е двојно повисок – 66 милиони долари годишно.

Според пишувањето на британските медиуми, на Челзи на третото место од наредната година би требало да му се придружи градскиот ривал Арсенал, кој од германска „Puma“ која му плаќа 33 милиони евра по сезона, треба да мине на ривалскиот „Adidas“. Новиот петгодишен договор на „Топчиите“ со „Adidas“ би требало да им донес 66 милиони евра по сезона.

На четртото место е минхенски Баерн кој носи „Adidas“, според договорот од 2015-та кој важи до 2030 година за 47 милиони евра годишно. Реал Мадрид, кому во 2020 година му истекува договорот со „Adidas“, е само петти со 37 милиони евра по сезона.

Јувентус, кој има договор со „Adidas“ од 2016 до 2022 година добива 22 милиони евра годишно, а следи Милан кој има договор со истиот производител од 2013 до 2023 година за 21 милион евра годишно. Истата сума ја добива по сезона и ПСЖ од „Nike“ според договорот од 2013 до 2022, додека Манчестер Сити со истиот произведувач на спортска опрема според договорот од 2013 до 2019 година добива 16,6 милиони евра годишно.