Барселона препрека за Вардар до финалето на завршниот турнир во Келн

Ракометарите на Вардар во вторникот на пладне го добија својот противник на финалниот турнир на четирите најдобри екипи во годинешната ракометна Лига на шампионите кој Ф4 во Келн на 1-ви и 2-ри јуни.

Екипата на Барселона Ласа ќе биде првата пречка за македонскиот шампион на патот до новиот трофеј. Во второто полуфинале ќе се соочат унгарскиот Веспрем и полскиот претставник Киелце.

Интересно е што сите овие екипи беа дел од А групата сезонава, и со сите „вардарци“ веќе имаат играно.

Барселона важи за главен фаворит за освојувањето на годинешната Лига на шампионите, оваа година Вардар двапати загуби од Ласа во групната фаза. Меѓутоа, Барселона беше противникот на Вардар и во полуфиналето кога пред две години македонскиот шампион се искачи и на европскиот ракометен трон.

Ова ќе биде десетти јубилеен Фајнал Фор, а интерсно е што првпат на завршниот турнир нема да има француск ниту германски клуб.

Од четирите клубвови кои годинава ќе се судрат во Келн, три веќе ја имаат освоено титулата – Барселона, Вардар и Киелце. Барселона е рекордер со 9 титули и 13 финални мечеви, додека Вардар и Киелце славеа по еднаш. Веспрем сѐ уште нема титула, иако веќе трипати ограше во финалето, во 2002, 2015 и 2016 годин