Шампионот на Шпанија соопшти дека се продадени 29,5% од „Барса Вижон“ за сума од 120 милиони евра, клубот од Камп Ноу сега ќе може да ги регистрира новите засилувања и фудбалерите кои ставија потпис на нови договори.
Новата сезона во Ла Лига почнува овој викенд а Барселона до сега има регистрирано само 13 фудбалери. Но „каталонците“ се спасија од срам откако е договорено две компании да купат 29,5% од „Барса Вижон“ (поранешно Барса Студиос) во зделка вредна 120 милиони евра.
Па Барселона сега ќе може да ги регистира најголемиоте дел од фудбалерите кои ставија потпис на нови договори (Араухо, Балде, Серхи Роберто и Пења) и новите засилувања (Гундоган и Ромеу).