Барселона убедлива кај Гранада, Реал „замрзнат“ кај Осасуна

Во последниот саботен натпревар во рамките на 18-то коло од шпанскиот првенство актуелниот шампион Реал Мадрид одригра без голови на гостивањето кај Осасуна.

„Кралевите“ и со Азар по подолго време како старер не успеаја да создадат посериозна прилика пред противничкиот гол, иако двапати поради офсајд позиции останаа без водечки погодок. Натпреварот беше под знак прашање, поради силното невреме што зафати делови од Шпанија, а теренот во Памплона, но домашните со згусната одбрана го парализираа нападот на гостите.

Реал Мадрид не успеа да го преземе врвот на Примера од градскиот ривал Атлетико, и остана втор со 37 бодови, но со дури три натпревара повеќе. Но сега Барселона се приближи на само три бодови зад „Кралевите“ од исто така 18 натпревари откако претходно со 4:0 славеше кај Гранда.

Осасуна остана претпоследна 19-та со 15 бодови од 17 натпревари, додека Гранада со ист број натпревари има 24 бодови и моментално е седма на табелата.

Барселона во Гранада, и покрај отсуството на поголем број стандардни првотимци, потсети на доминацијата која ја имаше во претходните првенства. По два погодока постигнаа Антоан Гризман, во 12 и 63 минута, и Лионел Меси во 35 и 42 минута, а притоа особено остави впечаток неговиот втор погодок, постигнат од слободен удар кога итро шутираше под живиот ѕид.

Во првиот саботен натпревар, Севилја на домашен терен со 3:2 го совлада Реал Сосиедад, а нејзин јунак беше мароканскиот напаѓач Јусеф Ен-Несири кој ги постигна сите три погодоци.

Во динамичниот натпревар особено беа возбудливи првите петнаесетина минути. Севилја поведе со погодокот на Ен-Несир во 4 минута, но веќе во следната минута Сосиедад израмни со ефектниот автогол на домашниот бек Диего Карлос. Но веќе во 7 минута Ен-Несири повторно во водство ги доведе домашните, но повторно гостите брзо израмнија, веќе во 14 минута со погодокот на Александер Исак, а на одмор се отиде со резултатот 2:2.

На самиот почеток од вториот дел Ен-Несури го постигна својот трет погодок со кој Севилја по третпат на овој меч дојде во водство. До крајот на мечот, повторни се играше интензивно и беа создадени неколку стопроцентни шанси пред двата гола, но се чини Севилја беше поблиску до четвртиот погодок, отколку што Реал Сосиедад беше до израмнување.

Севилја со 16 одиграни натпревари со 30 бодови моментално е на шестото место, и сега бодовно се израмни со Реал Сосиедад кој е петти.

Натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, кој требаше во саботата требаше да се одигра на стадионот „Ванда Метрополитано“, беше одложен поради тоашто екипата од Баскија не можеше да допатува во шпанската престолнина поради снежното невреме.

Колото во недела ќе породлжат соочувањата меѓу: Леванте – Еибар, Кадиз – Алавес, Елче – Хетафе, Вајадолид – Валенсија а ќе го заокружи во понеделникот дуелот Уеска – Реал Бетис.