Шпанскиот фудбалски шампион Барселона соопшти дека во најголемото дерби на шпанскиот фудбал, таканареченото „Ел класико“ против Реал Мадрид, кое ќе се одигра на 28-ми октомври во каталонската престолнина, на дресовите ќе биде логото на легендарниот англиски рок-бенд Rolling Stones, со што ќе го одбележи објавувањето на новиот албум „Hackney Diamonds“
Логото на усните со исплазениот јазик, кое со децении е заштитен знак на Rolling Stones, ќе го носат играчите на Барселона против Реал како дел од договорот со нивниот спонзор, платформата за споделување аудио содржини Spotify.
Фудбалерите на Барселона од минатата година на градите на дресовите носат реклама за Spotify, но ова нема да биде првпат да постават лого на музичар на албумот на градите. Минатата сезона, на еден натпревар имаа стилизирана був, логото на канадскиот рапер Дрејк за да го одбележи објавувањето на неговиот нов албум и логото на шпанската пејачка Росалија за да го рекламираат нејзиниот нов албум „Motomami“.
Новиот студиски албум на Rolling Stones под насловот „Hackney Diamonds“ ќе биде пуштен во продажба од петок.