Фудбалерите на Барселона се првите финалисти на шпанскиот Суперкуп, совладувајќи го Атлетик Билбао со 2:0 во полуфиналниот натпревар одигран во средата вечерта во саудиска Џеда.
Барселона постигнуваше по еден гол во секое полувреме и на тој начин дојде на чекор до трофејот. Поведоа во 17. минута кога Гави убаво реагираше на асистенцијата и одбиената топка на Балде. Во 52. минута Ламине Јамал зголеми на 2:0 откако беше одлично проигран од Гави погодувајќи од непосредна близина за конечниот резултат.
Атлетик до крајот се обидуваше да ја искомплицира ситуацијата, постигнувајќи гол во 86. минута кој беше поништен од ВАР-от поради офсајд, како и во една претходна ситуција/
Уште поголема победа за Барселона е одлуката оваа среда која ќе им овозможи на Дани Олмо и Пау Виктор повторно да играат за каталонскиот клуб, во финалниот натпревар од Суперкупот што ќе се одигра в сабота.
Во четврток од 20 часот во второто полуфинале играат Реал Мадрид и Мајорка.