Дуелот на двете шпански екипи во кошаркарската Евролига синоќа го доби Барселона која со 85:80 славеше над Реал Мадрид.
Марио Хезоња со 15 поени ги предводеше Каталонците до победата, а Олесон и Лампе имаа по 12. На спротивната страна се истакнаа Руди Фернандес со 20 и Серхио Родригес со 17.
Важна победа во ова 13.коло од ТОП 16 фазата постигна и АЛБА на гостувањето во Атина против Панаатинаикос, па така последното коло ќе решава за кои екипи покрај Реал Мадрид и Барселона од Е групата ќе се пласираат во четвртфиналето.
Резултати Е група: Макаби – Галатасарај 81:72, Панатинаикос – АЛБА 66:68, Барселона – Реал Мадрид 85:80, Жалгирис – Црвена Звезда играат вечерва.
Табела Е група: Реал Мадрид 10-3 (победи-порази), Барселона 10-3, Макаби 8-5, Панатинаикос 7-6, АЛБА 7-6, Жалгирис 4-8, Црвена Звезда 3-9, Галатасарај 2-11.
Резултати Ф група: Нижни Новгород 75:94, Лаборал – Фенербахче 93:76, ЦСКА Москва – Олимпијакос и Ефес Пилсен – Емпиро Армани играат вечерва.
Табела Ф група: Фенербахче 10-3, ЦСКА 10-2, Олимпијакос 9-3, Лаборал 6-7, Анадолу Ефес 5-7, Емпорио Армани 4-8, Нижни Новгород 3-10, Уникаха 3-10.
Пласман во четвртфиналето имаат обезбедено: Реал Мадрид, Барселона, Фенербахче, ЦСКА и Олимпијакос.