
Тој наведе дека Демократската партија и нејзините сојузници ја имаат подршката на Америка и Европа, што добро знаат дека со „Албанија владее премиер кој станал едно со мафијата“.
Ова е 37-ми ден од протестите, нашата одлучност не се намалува да останеме овде на овој плоштад. Уште од првиот ден истакнавме дека ова е национално движење, бидејќи од него зависи судбината на сите Албанци, каде и да се. Друга алтернатива нема, една силна Албанија е најдобра и најсигурна гаранција за посилни и подостоинствени Албанци, каде и да живеат, порача Баша.
За албанскот демократски лидер, една слаба Албанија каде власта ја држи во рака судбината на луѓето и се заканува со купување гласови, е “најголемата гаранција за другите земји да ги негираат правата на Албанците во дијаспората“.
Ова не е движење чија цел е менување на границите, туку движење кое тежнее тие граници да не бидат бариери и да ги обединат Албанците. Поради тоа ја имаме подршката од сите Албанци каде и да се. Ова е битка за достонството на албанскот народ, битка за слободни и фер избори, нагласи Баша.
Поради тоа, Америка и Европа се со нас до крај, потенцираше лидерот на најголемата опозициска Демократска партија.
Треба да ја ослободиме Албанија од тиранијата. Западот и Вашингтон ја знаат вистината дека Албанија ја раководи премиер кој стана едно со мафијата,- изјави Баша пред демонстрантите во огромниот шатор пред Владата во Тирана.