BASF го гаси производството на хербициди во две фабрики во Германија

Германскиот хемиски гигант BASF најави дека до крајот на годината ќе го прекине производството на хербициди во два погона во Германија поради високите трошоци.

Компанијата во Франкфурт и Кнапсак произведува хербицид глуфозинат-амонијак (GA) и во последно време е сè потешко да се справи со конкуренцијата од производителите на генерички производи, алтернативните технологии и високите трошоци за енергија и суровини, се наведува во соопштението за печатот.

Затоа решиле да ги затворат погоните во Франкфурт и во Кнапсак и да ги напуштат тие две локации. Околу 300 работници ќе го задржат својот работен однос до крајот на следната година, а компанијата во наредната фаза постепено ќе го намалува бројот на вработени во договор со нивните претставници.

Менаџментот не беше во можност да ја подобри профитабилноста со намалување на трошоците, па BASF ќе ја купува активната состојка GA од други добавувачи во иднина.

Уште во февруари минатата година, поради високите цени на енергијата, компанијата одлучи да затвори неколку хемиски фабрики, меѓу кои и капацитетите каде што произведуваше амонијак и состојката за производство на TDI пластика. Донесоа и неколку пакети мерки за штедење и го намалија бројот на работници.