Башибозлук на генералниот секретар на Владата

За хонорар 500 евра од седница, Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски станува новиот владин преставик во собранието на акционери на Телеком и претседател на собранието на акционери, со што го продолжува третирањето на институциите како приватна сопственост, покрај веќе објавените случаи на непотизам со својот кумашин кому му доделува ангажмани од сметката на државната каса.

Од документот кој го објави во вторникот шорталот Курир.мк, видливо Владата го овластила Драган Рашковски да присуствува и да биде владин преставник на собранието на акционери на Телеком, а ваквиот документ си го потпишал токму самиот Рашковски. Таквото полномоштво било потпишано и од Зоран Заев.

На 3-ти август годинава, или ниту стотина дена од своето формирање, Владата со полномоштво потпишано од премиерот Зоран Заев го овластила неговиот сограѓанин Драги Рашковски, инаку генерален секретар на владиниот кабинет, да биде владин преставник на Собранието на акционери на Телеком. Владиниот документ бил потпишал токму од Рашковски во својство на генерален секретар на Владата што претставува флагрантно кршење на Законот за спречување судир на интереси, коментираат правните експерти за НетПрес.

Имено, според член 3 од Законот за спречување на судир на интереси, терминот „судир на интереси“ подразбира судир на јавните овластувања и должности, како што се јавните овластувања и должности на генералниот секретар на Владата, од една, со приватниот интерес на службеното лице, или конкретно примањето надомест од 500 евра за секое присуство на седница на акционери, користењето други погодности, како службен телефон, службено возило, лаптоп, и други лични користи што му ги овозможува функцијата владин претставник на Собранието на акционери на Телеком, од друга страна.

„Стекнувањето лична корист или користољубивоста, според овој Закон, подразбира добивање материјален или нематеријален интерес на службеното лице што може да влијае врз неговото одлучување при вршењето на јавните овластувања“, велат соговорниците.

Според член 5 од Законот за спречување судир на интереси, велат натаму за НетПрес познавачите на оваа чувствителна материја, службеното лице при вршењето на јавните овластувања не смее да се раководи од лични или други интереси, и НЕ СМЕЕ ДА ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ПРАВАТА ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИЗВРШУВАЊЕТО НА СВОИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ. Во случајот со Рашковски, според оваа одбредба, постои класична злоупотреба на функцијата генерален секретар на Влада за сопствено поставување, или самоназначување на функцијата владин претставник во Собранието на акционери на Телеком.

Покарај тоа, член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, службеното лице Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавните претпријатија, агенции, фондови, и СИТЕ ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИОНИ ОБЛИЦИ СО ДОМИНАНТЕН ДРЖАВЕН КАПИТАЛ, што значи дека Законот за спречување судир на интереси не дозволува Драги Рашковски како генерален секретар на Влада да биде назначен и за владин претставник во Собранието на акционери на Телеком.

За секое присуство на седница на собранието на акционери Рашковски ќе добива по 500 евра, а му следуваат и службен телефон со неограничен лимит, компјутери, користење на службено возило на негово барање. Станува збор за уште еден конклфикт на интереси поврзани со Рашковски, како Генерален секретар на Владата е и владин преставник на собрание на акционери.

Покрај тоа, како што дознаваме, веќе по првите контакти со Телеком, Рашковски за правните работи сакал да го ангажира својот кум адвокатот Дејан Костиќ за правен застапник на Телеком. Инаку истата адвокатска канцеларија на Костиќ е ангажирана и од Рашковски да ги води правните работи на генералниот секретаријат на владата иако Владата поседува свои правни служби.

 

Кумашинот на Рашковски регистрирал фирма само два месеца пред да добива бизниси

 

Рашковски во Њујорк на државна сметка?