“Баскерфест” низ цела Македонија

Од 27 мај, па се до 30 јуни годинава ќе трае познатиот уличен фестивал “Баскерфест”. Организаторите велат дека ќе посетат 21 општина. Официјалниот почеток е на 27 мај на скопскиот плоштад, а програмата започнува следниот ден во Гевгелија. “Баскерфест” во Скопје ќе се одржува од 6 до 15 јуни, а последните улични претстави се на 30 јуни во Битола, Охрид и Дојран.

Оваа година, со уличните артисти ќе ги забавуваат жителите на Велес, Свети Николе, Радовиш, Кавадарци, Неготино, Виница, Берово, Прилеп, Крушево, Дојран, Тетово и други градови.

На “Баскерфест” ќе учествуваат 150 артисти кои доаѓаат од различни страни на светот, како Јапонија, Нигерија, Нов Зеланд, Канада и многу други.