Баскиски пекол за Атлетико (М)

Кога се во прашање саботните натпревари од 31. коло во шпанската Примера дивизион, убедливо најголемо внимание ќе привлече дуелот помеѓу четвртопласираниот тим на табелата, Атлетико (М) и лидерот во домашното првенствено, Атлетико (М).
Победата е импратив за двата тима, за домаќинот кој е во пол позиција кога е во прашање единственото место кое води во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони, а гостинот ќе ја зачува лидерската позиција на табелата само ако освои три бода на жешкото гостување во Билбао.
Само за нијанса, полесен дуел би требало да има каталонскиот гигант Барселона, кој за противник го има градскиот ривал, екипата на Еспањол.
Градска пресметка ќе имаме и на “Сантијаго Бернабеу” каде фудбалерите на Реал (М) имаат обврска да забележат што е можно поубедлива победа над апсолутниот аутсајдер, тимот на Рајо Валјекано.
Денеска е на програма и натпреварот помеѓу екипите на Селта од Виго и Севилја, а тука фаворитската улога му е доделена на гостинот од Андалузија.