Батлер го водеше Мајами до 3-0, Хјустон ги доби Лејкерс

Кошаркарите на Мајами Хитс се на чекор до финалето во Источната конференција во НБА лигата, откако ноќта кон саботата ги совладаа Милвоки Бакс со 115:100 и сега водат со 3:0 во серијата до четири победи.

На стартот од последната четвртина Мајами имаа негатива од 12 коша, но оваа делница ја добија со 40:13, што е најголемата разлика која некоја екипа ја остварила во последната четвртина во историјата на доигрувањето во НБА лигата.

Исто така, Хитс во плеј-офот од оваа сезона сѐ уште се непоразени, односно имаат серија од седум победи.

Мајами ги предводеше Џими Батлер со 30 коша, Бам Адебајо оствари 20 поени со 16 скокови, Џа Краудер доаде 17 а Словенецот Горан Драгич 15 коша. Кај Милвоки Јанис Антентонкумпо беше лидер со 21 кош, 16 скокови и 9 асистенции, Брук Лопез додаде 22 а Крис Мидлтон 18 поени.

Во полуфиналето на Западната конференција, Хјустон Рокитс поведоа со 1-0 во победите откако ги совладаат Лос Анџелес Лејкерс со 112:97. И овој натпревар беше решен на почетокот од последната четвртина кога Хјустон направија серија до 16:3, и се одлепија на 9 поени предност.

Џејмс Харден уфрли 36 коша, Расел Вестбрук додаде 24 а Ерик Гордон 23 поени за победниците. Кај Лејкерс најдобар беше Ентони Дејвис со 25 коша и 14 скокови, а Леброн Џејмс додаде 20 поени но ниту еден во последната четвртина.