Вилсон Рузвелт Џерман, кој служел во Белата куќа во времето на 11 американски претседатели, починал на 92-годишна возраст и му бил дијагностициран короанвирус, соопшто во четвртокот за телевизијата Fox News неговата внука Џемила Гарет.
Таа рекла дека нејзиниот дедо започнал да работи како чистач во Белата куќа во 1957 година во мандатот на 34-от претседаетл на САД, Двајт Ајзенхауер, а бил унапреден во мандатот на 35-от претседатело Џон Фитцџералд Кенед. Според Гарет, тој имал специјален однос со сопругата на Кенеди, Жаклин (Џеки) подоцна Оназис, која му помогнала да биде унапреден.
Таа вели дека имал „специјален однос“ и со Џорџ В. Буш помладиот. „Кога постариот Буш го презеде местото претседател, Џорџ Буш помладиот имаше проблеми со прилагодувањето во новата средина, и не можел да спие. Мојот дедо седел со него во собата додека не заспиел“, вели Гарет.
Буш ппомладиот и поранешната прва дама Лора Буш за NBC News по повод веста за неговата смрт изјавиле дека Џерман „беше прекрасен човек“.
Мишел Обама, сопругата на претходниот американски претседател Барак Омаба, вклучи фотографија со Џерман во својата мемоарка книга „Becoming“.
Џерман во пензија замина во 2012, година и зад себе остави сопруга со која имаше пет деца, 12 внуци и 18 правнуци.