Бавна трка со мотори „Не е сѐ во брзината!“

 На 29 октомври по шести пат ќе се одржи настанот „Не е сѐ во брзината!”.
Главната точка на оваа манифестација е бавната трка од едуктивен карактер којa има за цел да ја подигне свеста на сите учесници во сообраќајот, особено мотоциклистите, укажувајќи на потенцијалната опасност од управување со голема брзина, а истата е организирана од Мото Клуб Вепар веќе 6 години!
Трката ќе се одвива во 4 категории и тоа:
– Мотоцикли до 50 цм3
– Мотоцикли од 51 до 500 цм3
– Мотоцикли од 501 цм3 до 1000 цм3
– Мотоцикли поголеми од 1000 цм3
Трката ќе се одвива на начин на кој истовремено ќе се натпреваруваат по двајца учесници по систем на елиминација
– Победникот продолжува со натпреварување;
– Победник е оној кој поспоро ќе стигне до целта.
Правила:
– Учесникот не смее да испадне од одбележаната траекторија;
– Учесникот не смее да допре со нога на земја (со самото допирање се елиминира од трката);
– Учесникот кој последен ќе ја помине целта е победник.
Сите заинтересирани за учество во мото трката Бавна Трка Vol. 6, можат да се пријават на штандот пред патеката во просториите на клубот, помеѓу 10 и 11.30 часот на денот на настанот.
Агенда:
– 10:00-11:30 часот– ПРИЈАВУВАЊЕ
– 12:00 часот– Официјално започнување на трката
– 14:00 часот– Почеток на забавна програма со музика, скара, пивце и дружба.
– 19:00 часот– Затварање на настанот.
Учеството е бесплатно.
Ве очекуваме!
Мото Клуб Вепар