Бдеење во Атина во спомен на жртвите од пожарите

Стотици луѓе синоќа се собраа на бдеење во Атина, во спомен на жртвите на пожарите , објавија  грчки медиуми.

Со свеќи  во рацете  лужето се собираа  на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент . Бдеењето беше организирано во социјалните медиуми.

На плоштадот луѓето ставаа  свеќи, цвеќиња и пораки.

Поранешниот кошаркар Јанис Гагалудис беше меѓу организаторите на бдеењето. Тој ги повика луѓето да соберат свеќи “да ги осветлуваат небесата и душите на својот  народ што ги загубија животите”.

Потсетуваме дека најмалку 91 лице загина во крајбрежното одморалиште Мати, 30 километри источно од Атина. По вупно 25 лица се уште се  трага  а  28 тела не се идентификувани , соопштија од  пожарната бригада.